Обдукцијата на телото на жената пронајдено во четвртокот во водите на Вардар покажа дека станува збор за исчезнатата Лидија Трајковска (43) од скопското село Јурумлери, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Лидија Трајковска беше пријавена за исчезната на 8 ноември 2024 година.
Од МВР, на 9 јануари, годинава, соопштија дека во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с. Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон с. Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки.
Поврзани објави
Од екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, телото било извадено, а по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.
Биле земени ДНК-податоци од блиските на исчезната Лидија, а денес пристигнале резултатите кои потвдуваат дека починатата жена е токму таа.