Писмо до поранешниот сопруг: „Ти благодарам што ме остави – да не ме оставеше никогаш немаше да знам што сè можам сама“
Една жена на социјалните мрежи споделила писмо на благодарност што му го посветила на својот поранешен сопруг. Имено, тој ја оставил пред 15 години, а таа се распаднала на ситни парчиња. Откако поминал шокот, настапила болката, а од болката се родила комплетно нова личност. Денес, таа е горда на себе и на својот живот и сака да им испрати јасна порака на сите припаднички на женскиот пол кои поминуваат низ развод – лошиот брак ќе ве уништи, излезот од таа ситуација ќе ве прероди.
„Драг мој бивши. Денес се 15 години откако се разведовме. Не ти пишувам затоа што мислам на тебе или затоа што ми недостасуваш, туку затоа што сакам да ти се заблагодарам што ми го поправи животот оној ден кога си замина.
Сакам да ти се заблагодарам поради следниве работи:
1. Ти благодарам што ме научи дека сум доволно силна да се изборам со сите неволји – САМА!
2. Ти благодарам што ме научи дека можам да поправам сè сама и дека за тоа не ми треба маж, ниту кој било друг.
3. Ти благодарам што ме научи жестоко да му одговорам на секој што се однесува безобразно и авторитативно со мене.
Поврзани објави
4. Ти благодарам што ме поттикна повеќе да се грижам за своето тело и изглед. Со тебе бев запустена, бидејќи поважно ми беше да ве нахранам тебе и децата одошто да се грижам за себе. Сега јас сум си на прво место.
5. Ти благодарам што ми помогна да сфатам дека имам храброст повторно да возам автомобил. Досега се потпирав на тебе да ме возиш, а се сомневав во своите возачки способност. Сега сум 100 отсто сигурна дека возам одлично и го правам тоа секој ден.
6. Ти благодарам што ме научи дека треба да имам свои пари. Ми беше супер да седам дома и да не правам ништо, потпирајќи се на тебе. Но уште подобро е кога заработувам свои пари и располагам со нив како што сакам.
7. И последно, нешто за коешто сум ти најблагодарна – ти благодарам што ме остави! Ти благодарам што си најде двојно помлада, нова девојка!
Да не го направеше тоа, јас и понатаму ќе бев запустена, очајна жена, која нема свои пари, која се грижи за сите освен за себе, која не знае ништо да направи сама и зависи од другите. Ти благодарам што ми помогна да станам совршена жена! Немаше да бидам тоа да останев со тебе!“
ФОТО: Debby Hudson / Unsplash