Почетна ЕкономијаСПАСОВСКИ: Утрово учествував на Спортскиот самит, во организација на Здружението за развојни иницијативи „Геостратешки институт Глобал“

СПАСОВСКИ: Утрово учествував на Спортскиот самит, во организација на Здружението за развојни иницијативи „Геостратешки институт Глобал“

од nenad
1 минути читај за


Утрово учествував на Спортскиот самит, во организација на Здружението за развојни иницијативи „Геостратешки институт Глобал“, чиј што концепт, содржини и цели, според моето лично убедување, претставуваат исклучително важен темелник за едно ново или поинакво разбирање на спортот, спортската култура, образование и воспитување.

Убеден сум дека и овој Самит ќе има практичен придонес во квалитетно и ефективно позиционирањето на спортот кај нас, со сите негови крајно позитивни и, секако, доблесни вредности и во таа насока ја изразувам својата поддршка, со надеж дека ќе прерасне во еден традиционален и меѓународен форум посветен на развој на спортот, на зближувањето, на прокламирањето на сите хумани принципи, нужни за професионално, индивидуално и колективно остварување.