Почетна ЕкономијаНетанјаху: Не сум прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

Нетанјаху: Не сум прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

од nenad
1 минути читај за

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денеска демантираше дека го прифатил начелото за формирање палестинска држава, откако претседателот Доналд Трамп го обелодени својот мировен план за Појасот Газа.

Во видео порака објавена на неговиот Телеграм профил, Нетанјаху рече: „Воопшто не, и тоа не е напишано во договорот“, одговарајќи на прашање дали „прифатил палестинска држава“.

Тој појасни: „Едно нешто беше јасно ставено до знаење (во разговорот со Трамп): ние цврсто ќе се спротивставиме на палестинска држава.“

Планот за Газа, презентиран од Трамп, предвидува дека, во крајна линија, „конечно би можеле да се исполнат условите за да се отвори кредибилен пат кон самоопределување и воспоставување палестинска држава“.

мс/фото: ЕПА .
Извор: МИА