Пејачката изјави дека никогаш не настапува за време на празниците, бидејќи сака тоа време да го поминува со семејството, но откри и дека Божиќ не може да помине без гравчето на татко и, чиј рецепт го наследила…
Теа Таировиќ е една од најатрактивните и најуспешните пејачки на денешницата, а на фановите им раскажа како го слави најрадосниот христијански празник. Како што вели, иако не е вешта во кулинарски вештини, во кујната се труди да му помогне на својот татко, кој е главен готвач во нивниот дом.
Како изгледа Божиќ во вашиот дом?
Божиќ отсекогаш бил и останува посебен ден за моето семејство, а бидејќи е најрадосниот празник, се трудиме да го направиме токму таков: весел, разигран, радосен… Ги сакам празниците затоа што тогаш сме сите заедно, бидејќи нашите деловни обврски диктираат различно темпо на живот, поради што често сум на пат и отсутна. Затоа ги користиме тие моменти за да се смееме и да уживаме во семејната блискост.
Без што не можете да ја замислите вашата Божиќна трпеза?
Поврзани објави
Би сакала да го спомнам и пофалам специјалитетот на татко ми – гравот. И мојот покоен дедо одлично го готвеше, а рецептот од него го наследи татко ми. Убава семејна традиција. Значи, што се однесува до празничната трпеза, гравот ми е на прво место!
Дали помагате и во подготовката на специјалитети?
Секогаш се трудам максимално, но не сум совршена домаќинка, морам да признаам. Не дека не знам да готвам, но бидејќи имам се помалку време за такви работи, може да се каже дека немам голема вештина. Тато е задолжен за кујната и е најдобриот готвач во нашето семејство, па затоа е и најзаслужен на трпезата. Можам да ви кажам дека комотно може да се натпреварува со некои сериозни готвачи во престижни ресторани.
Фото: printskrin Youtube/Tea Tairovic
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: