Иако насобраните медиуми ја чекаа пред студиото, таа не дојде…
Денеска на Кошутњак продолжува снимањето на емисијата Ѕвездите на Гранд, но Светлана Цеца Ражнатовиќ не се појави пред почетокот на снимањето.
Иако насобраните медиуми ја чекаа пред студиото, таа не дојде на денешното снимање на емисијата, а за тоа има и оправдување.
Цеца денеска со семејството присуствува на погребот на политичарот Драган Марковиќ Палма во Кончарево кај Јагодина.
Палма и Цеца беа пријатели долги години, а пејачката со семејството заминала во Јагодина за да го испрати својот пријател во вечното почивалиште.
Поврзани објави
Инаку, фолк ѕвездата вчера присуствуваше и на комеморацијата на Драган Марковиќ Палма што се одржа во Собранието на Србија.
Да потсетиме, Цеца се огласи и на социјалните мрежи и со емотивна порака се прости од долгогодишниот пријател.
Драг мој брат, пријателе, човеку со големо срце, прерано си замина. Засекогаш ќе ни недостасуваш на сите нас кои те познававме. Да те имам за пријател беше привилегија, збогум Драгане мој“ – напиша Цеца.
Фото: printskrin Youtube/Blic TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: