Сопственичка на елитна агенција за запознавање истакнала кои особини ги бараат нејзините богати клиенти кога ја опишуваат жената што би сакале да ја имаат покрај себе
Луен Вард е сопственичка на елитна агенција за спојување парови Perth’s Millionaire Matchmaker, која повеќе од две децении им наоѓа жени на милионерите. Имено, услугите на Луен ги користат богаташи кои ѝ плаќаат и до 10 илјади евра за да им ја најде совршената жена.
Жените многу пати ја прашувале што ги привлекува милионерите најмногу и откако анкетирала 200 мажи, направила листа на особини што најмногу им фаќаат око на овие мажи.
Како физичка особина број еден се наведува насмевката.
„Веќе долги години тврдам дека маж нема да се вљуби во жена која се мурти“, рекла Луен.
Како втора омилена особина кај жените, богаташите ги навеле очите. Исто така, таа вели дека добриот задник им е попривлечен од големите гради.
Потоа, на листата следат нозете, долгата коса, убавите стапала и средените нокти.
Поврзани објави
Што се однесува до карактерните особини на жените, милионерите ја навеле интелигенцијата како најважна.
„Мажот мора да може да разговара со жената. Тоа им е многу важно“, изјавила таа.
Втора на листата е женственоста.
„На мажите им се допаѓа кога жената се однесува како жена и бараат таква што зрачи со женственост“, додала Луен.
Следни на листата се разиграноста, смислата за хумор и самодовербата, по кои следела желбата за интимни односи.
Интересна ставка под број шест што ја навеле милионерите меѓу најпожелните особини кај жените е ранливоста.
„Жената не мора да биде постојано силна. Комбинацијата на самодоверба и ранливост им е многу привлечна на мажите“, заклучила таа.
ФОТО: itay verchik / Pixabay, Инстаграм @louanneward