Почетна Убавина и здравјеНајпознатиот сајентолог фрлил око на нешто постаро: Таа е секс-симбол од 1990-тите и сонува за мирен семеен живот

Најпознатиот сајентолог фрлил око на нешто постаро: Таа е секс-симбол од 1990-тите и сонува за мирен семеен живот

од nenad
2 минути читај за

Сексапилната русокоса Памела Андерсон, наводно, го оставила Лијам Нисон за да биде со Том Круз

Актерката Памела Андерсон (58) раскинала со 15 години постариот холивудски заводник, а веќе се појавија шпекулации за нова љубовна романса. Станува збор за едно од најголемите изненадувања на светската јавна сцена. Се шушка дека Памела и Том Круз (63) се во врска. Познатите актери не се огласуваат на оваа тема, но затоа бројните детали предизвикуваат голем интерес.

Памела Андерсон до неодамна била во врска со актерот Лијам Нисон (73), со кого глуми во продолжението на култната комедија „Гол пиштол“. Минатогодишната промоција на ова остварување помина во знакот на нивната романса, која во меѓувреме го доживеала својот крај.

Памела Андерсон сега е подготвена за нова љубов, а кружат шпекулации дека нејзиниот нов партнер е славниот Том Круз.

Работи со полна пареа на сите животни аспекти

Памела последниве неколку години се трудеше да го докаже својот актерски талент, но во овој момент прави простор за нова врска. Токму улогата во филмот „Последната танчарка“ на Џиа Копола, му го привлекла вниманието на Том Круз. Да се потсетиме, тој актерски ангажман минатата година ѝ донесе номинација за Златен глобус.

„Филмот ги наведе луѓето да ја видат Памела во сосема поинакво светло, вклучувајќи го и Том. Оттогаш се во контакт“, открива National Enquirer.

Круз бил импресиониран од глумата на Андерсон во споменатиот филм, а помеѓу нив дефинитивно имало искри.

Доколку се потврди врската, Том Круз со тоа би покажал дека ги променил правилата во својот љубовен живот, бидејќи последниве години бил во љубовни односи со значително помлади жени. И Памела е помлада од него, но не драстично.


Поврзани објави

Развратникот ја надминал желбата за многу помлади девојки

Да се потсетиме, Круз беше во 9-месечна романса со Ана де Армас (38) со која раскина минатата година. Кон крајот на 2023 и почетокот на 2024 интензивно се пишуваше дека е во врска со руската богаташка Елса Хајров (39).

Том Круз зад себе има три брака. Беше оженет со Мими Роџер, Никол Кидман и Кејти Холмс, со која има ќерка Сури, која ја нема видено повеќе од цела деценија. Познати се и неговите врски со Шер, Хедер Локлир и Ребека де Морнеј.

Памела Андерсон се мажела петпати. Нејзини поранешни сопрузи се Томи Ли, Кид Рок, Рик Саломон, со кого се венчала двапати, Џон Питерс, со кого била во брак 12 дена и Дан Хејхурст. Имала и бурна врска со фудбалерот Адил Рами.

Кон крајот на минатата година изјавила дека врската со Лијам Нисон започнала по завршувањето на снимањето на филмот „Гол пиштол“, како и дека е убедена дека засекогаш ќе бидат заедно.

ФОТО: ИНСТАГРАМ