Почетна Убавина и здравјепоздраво срце, смалена анксиозност, поведро расположение, подобар сон – Убавина и здравје

поздраво срце, смалена анксиозност, поведро расположение, подобар сон – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Нурнете се во топла купка!

Ако сакате одличното чувство да го поврзете со придобивки за здравјето (а кој не би сакал?), нурнете се во топла купка. Едно ново истражување следело физички неактивни лица, кои секој ден лежеле во када со топла вода (со температура околу 40 степени, што значи со малку потопла вода од вообичаената купка), прво 15-20 минути потопени до вратот, а следните 50 минути до ребрата.

По осум недели, резултатите покажале значително подобар кардиоваскуларен статус. Меѓу забележаните подобрување биле и понизок крвен притисок и поеластични крвни садови.

Еден од авторите на оваа студија, Кристофер Минсон, физијатар на Универзитетот во Орегон, објаснува:


Поврзани објави

За луѓето што не се во можност или што не сакаат да бидат физички активни, изложувањето на топлина е многу значајно“.

Истите придобивки ќе ги почувствувате и доколку редовно тренирате, плус – нема воспаление на мускулите и болки во зглобовите до кои доаѓа по вежбањето понекогаш.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pexels/Yaroslav Shuraev