Почетна Убавина и здравјеКако вака изгледа по две бремености? (ФОТО) – Убавина и здравје

Како вака изгледа по две бремености? (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Поранешната Мис на Македонија повторно ги освои социјалните мрежи со фотографии од одмор, но вистинската тајна за нејзината фигура не е само во добрата генетика.

Вера Мештеровиќ уште еднаш покажа зошто со години важи за една од најнегуваните дами на домашната јавна сцена. Поранешната Мис на Македонија објави фотографии од летниот одмор, а нејзиното издание во шарени и двобојни бикини веднаш стана тема на разговор меѓу следбениците.

Иако неодамна го прослави својот 47. роденден, многумина коментираат дека изгледа речиси исто како во периодот кога ја освои титулата за убавина. По две бремености и денес плени со витка линија, затегнат стомак и препознатлива самодоверба.

printskrin Instagram

Но, зад впечатливиот изглед не стои само добрата фотографија од плажа. Вера редовно споделува моменти од своите тренинзи, каде што може да се види дека сериозно му пристапува на фитнесот и дека дисциплината е дел од нејзиното секојдневие.

printskrin Instagram


Поврзани објави

На снимките од теретана таа изведува вежби со тегови, работи на мускулите на грбот, нозете и рацете, а често тренира под водство на својот фитнес тренер. Токму таа комбинација од континуирана физичка активност и активен животен стил, според многумина, е причината што изгледа толку младолико.

printskrin Instagram

Со ова летно издание Вера уште еднаш потврди дека годините навистина можат да бидат само бројка. Додека едни ја паметат како Мис на Македонија, други денес ја следат како инспирација за здрав живот, стил и самодоверба.

printskrin Instagram

printskrin youtube – vera mesterovic