Мошне сте практични, независни, но и тврдоглави. Самоконтролата во секој сегмент на животот е уште една особина што ве краси, така што многу ретко правите нешто поради кое се каете подоцна. За вас најголеми животни вредности се традицијата и семејството.
Со ист жар се грижите за семејството што сте го создале и за она од кое потекнувате. Стабилни сте, вредни и амбициозни. Способни сте да работите повеќе работи истовремено. Вашата најголема мотивација е успехот, а амбициите ви се незапирливи. За вас парите се синоним за сигурност. Уживате да работите на големи и важни проекти, одличен лидер сте.
Во љубовта сте многу конструктивни. Сакате да доминирате, но и да сфатите дека на партнерот му пречи тоа, па тогаш станувате поумерени. Флексибилни сте, така што добро функционирате со повеќето од знаците. Најдобро се снаоѓате во долги врски, а прифаќате авантури само ако сте слободни.
Вашиот партнер мора да биде заводлив, посветен, имагинативен и внимателен. Шармирате со самодоверба и со упорност. Претпочитате да бидете ловец одошто плен. Талентирани сте за спорт и за уметност.
Поврзани објави
ОВОЈ МЕСЕЦ…
Ѕвездите се на ваша страна, па продолжувате да нижете успеси на деловно поле. Пред вас е хармоничен месец и кога станува збор за љубовните врски – складно ќе функционирате и ќе правите долгорочни планови со партнерот. Ако сте слободни, постои можност да ја сретнете сродната душа. Посетете го стоматологот.
Текст: Убавина и здравје
Фото: Pexels/Mcphotographer