Почетна МакедонијаПРЕМИЕРОТ „ТУРБО“ ВО МИНХЕН: Ковачевски оствари средби со Фон дер Лајен, Столтенберг, Шолц и Пелоси

ПРЕМИЕРОТ „ТУРБО“ ВО МИНХЕН: Ковачевски оствари средби со Фон дер Лајен, Столтенберг, Шолц и Пелоси

од nenad
1 минути читај за

Нашите пријатели од ЕУ нé поддржуваат и помагаат во реформските процеси на земјата. Европскиот пат на земјите од Западен Балкан е важен за стабилност на регионот, безбеден и просперитетен живот, што нашите граѓани го заслужуваат, објави Ковачевски на својот фејсбук профил.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција имаше средби со претседателката на Евроспката комисија Урсула Фон дер Лајен, со германскиот канцелар Олаф Шолц, со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со доскорашната претседавачка на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси.

– Срдечна средба со претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лејен. Уште еднаш ја потенциравме важноста Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ. Нашите пријатели од ЕУ нé поддржуваат и помагаат во реформските процеси на земјата. Европскиот пат на земјите од Западен Балкан е важен за стабилност на регионот, безбеден и просперитетен живот, што нашите граѓани го заслужуваат – објави Ковачевски на својот фејсбук профил.

На средбата, пак, со германскиот канцелар Олаф Шолц е потенцирата недвосмислената поддршка на Берлин за европскиот пат на Македонија.

– Дискутиравме за неопходноста од забрзување на евроинтегративните процеси, кои се важни за безбедноста и стабилноста на регионот. Германија е наш безрезервен поддржувач и значаен партнер при интегрирањето на нашата држава во ЕУ – напиша Ковачевски.

Инспирирано од: infomax.mk

Leave a Comment