Почетна МакедонијаТрагедија: Матурант почина на екскурзија во Прага

Трагедија: Матурант почина на екскурзија во Прага

од nenad
0 минути читај за

Матурант од гимназијата „Мате Балотa“ од Пореч вчеравечер почина додека бил на екскурзија во Прага.

Директорот на училиштето Крешимир Брониќ изјави дека нема повеќе детали и го чекаат извештајот од полицијата и болницата, пишува Indeks.hr.

„За жал, на патувањето загина ученик од нашето училиште. Не можам да кажам повеќе од тоа бидејќи сè уште го чекаме извештајот од локалната полиција, како и лекарскиот извештај. Веднаш имавме состанок во училиштето за справувањето со кризни ситуации како оваа, нашите ученици се враќаат околу полноќ, а ќе ги пречекаат наставниците и родителите“, вели Брониќ.