Почетна СветСЕ СРУШИЛА 15-КАТНИЦАТА ВРЗ НЕГО, НО ОСТАНАЛ ЖИВ!

СЕ СРУШИЛА 15-КАТНИЦАТА ВРЗ НЕГО, НО ОСТАНАЛ ЖИВ!

од nenad
1 минути читај за

Шеесет и двегодишен маж поминал речиси осум дена под урнатините на неговата семејна куќа во Антакија по разорните земјотреси што на почетокот на февруари ги погодија Турција и Сирија.

Хусеин Бербер детално ги опиша ужасните сцени што ги доживеал во деновите по земјотресот, велејќи дека морал да ја пие сопствената урина за да преживее.

Во земјотресот се урнал таванот на 15-катницата, а единствено што го спасиле во станот на приземје биле плакарот и фрижидерот, додека останал заробен во фотелја. Тој раскажал како ползел по станот и нашол шише со вода, но тоа не му било доволно за да преживее, па почнал да вика за да го слушнат спасувачите и да го извлечат. Кога помошта не стигнала со часови, Хусеин решил да уринира во празно шише со вода за да пие подоцна за да преживее, пишува „Дејли Мејл“.

За да не замрзне решил да се завитка во тепих.

Инспирирано од: infomax.mk