Почетна Убавина и здравјеЛабораториските резултати може да ви се беспрекорни, но ако го занемарите ОВА, може да дојде до инфаркт!

Лабораториските резултати може да ви се беспрекорни, но ако го занемарите ОВА, може да дојде до инфаркт!

од nenad
2 минути читај за

Дознајте до што сѐ може да доведат инфекциите во телото

Луѓето честопати не се свесни за опасноста до која може да доведат инфекциите во телото, па неретко ги занемаруваат. Кардиоваскуларен хирург објаснил зошто е важно навреме да дознаете дали има инфекција во вашето тело и на кои параметри од крвта треба да обрнете внимание.

„Инфекцијата е една од причините за кардиоваскуларни заболувања. Кога некој има инфекција, еве што се случува. Инфекцијата го оштетува внатрешниот ѕид на крвните садови. Потоа, елементите што патуваат со крвта, црвените крвни плочки, еритроцитите, при нивниот тек се лепат за тој дефект во крвниот сад и почнува да се создава артериосклероза“, објаснил докторот и додал:

„Кога ќе ги земете резултатите, замолете го докторот да ви измери и ЦРП – тоа е знак дали имате воспаление или не. Леукоцитите и сендиментацијата во овој случај се споредни, а ова е најсовремениот метод. Нормалното ниво на ЦРП е до 5, а ако видите дека е покачено, тоа значи дека имате воспаление во организмот. Тоа воспаление е толку важно што може да се спореди и со лошиот холестерол ЛДЛ. Ова е многу важно за организмот, бидејќи доведува до артериосклероза. Ако ЦРП ви е покачено и покрај тоа што земате терапија, тоа значи дека не ви одговара терапијата. Но ако по три дена земање терапија, ЦРП-то се намалува, тоа значи дека сте на добар пат и дека терапијата е соодветна.“


Поврзани објави

Тој заклучил дека занемарувањето на овие аспекти може да доведе до затнување на крвните садови, а со самото тоа и до инфаркт.

„Втората важна работа е фибриногенот. Станува збор за густината на крвта каде што фибриногенот преминува во тенки нишки. Пушачите, оние кои постојано се под срес и оние со хипертензија имаат зголемено згуснување на крвта. Сето тоа доведува до затнување на крвните садови што потоа може да резултира со ненадејна смрт, инфаркт, мозочен удар… Иако резултатите ви се беспрекорни, ако го занемарите овој дел, последиците може да бидат фатални“, предупредува докторот.

ФОТО: National Cancer Institute / Unsplash