Почетна Убавина и здравјеFRANZ – Енергијата што му требаше на градот

FRANZ – Енергијата што му требаше на градот

од nenad
2 минути читај за

Скопје отсекогаш било познато по култната „скопска“ атмосфера – уникатна по својот шарм и гостопримливост. А ако сакаш да ја почувствуваш вистинска скопска атмосфера денес, тогаш FRANZ е местото кое треба да го посетиш уште денеска.  

Во моментот кога првпат ќе влезеш во FRANZ кафе бар, ќе забележиш дека ниту еден детал во ова место не е случаен. Од внимателно одбраниот, симпатичен и урбан ентериер кој изгледа како да е излезен директно од Pinterest мудборд, до пригушените светла кои прават целиот локал да изгледа магично во секој дел од денот, придружени со курирана музичка плејлиста со твоите омилени звуци и со нова музика која ќе ти открие нови светови.  

Сместен во едно од најкултните места во центарот на градот – на Плочник, FRANZ влева нова доза на живот во овој дел од Скопје и повторно го активира просторот на кој одамна му требаше „размрдување“. Ова урбано катче е во самото јадро на сите скопски муабети, настан и случки, додека истовремено е суптилно скриено помеѓу зградите и настрана од градската џунгла.

FRANZ е место каде одиш на прв дејт, но и место каде со задоволство ја славиш годишнината со личноста што ја запозна токму на истата маса. FRANZ е место каде доаѓаш на пијачка, но неодоливиот мирис на вкусна храна те тера да каснеш нешто од внимателно избраното мени полно со вкусни оброци и десерти. FRANZ е место каде што денски доаѓаш „лабаво“ на кафе, а навечер уживаш во најдоброто што има да го понуди Скопје, заедно со твоето друштво и музиката што ја сакаш. Без разлика дали доаѓаш сам или со друштво, дали преку ден или на „ноќна шема“ – вратата на FRANZ е секогаш отворена и те чека на добра забава.

За кратко време FRANZ стана една од омилените локации на скопјани, но и на туристите кои ги посетуваат нашиот град. Доказ за тоа се секогаш полните маси, разиграните гужви во вечерните часови и илјадниците фотографии кои се појавуваат на социјалните мрежи токму од ова место, чија естетика веднаш паѓа во око.

FRANZ е место кое откако ќе го посетиш еднаш, ќе сакаш да се враќаш одново и одново. А најдобар начин да дознаеш зошто, е да го посетиш уште денес. Се гледаме во FRANZ!