Популарниот актер Лазар Ристовски и неговата 39 години помлада избраничка, Аница Лазиќ, биле „уловени“ синоќа на аеродромот во Белград.
Популарниот актерски пар бил фотографиран по враќањето од Кан, каде што бил претставен најновиот филм од српската продукција „Saligia“ во режија на Петар Ристовски.
Поврзани објави
Ова остварување било претставено на Канскиот маркет, кој е дел од фестивалот, а го погледнале и дистрибутери и селектори на други филмски манифестации. Лазар и Аница отпатувале во Кан за да се осигурат дека сè ќе помине како што треба, а ја искористиле и можноста да уживаат и покрај плажа, што младата актерка го сподели на социјалните мрежи.
По враќањето во Белград, на аеродромот ги пречекале фотографи. Иако ги пречекало дождливо време во главниот град на Србија, нивните насмевки и исончаниот тен јасно покажувале дека одлично се забавувале и одлично се одмориле.