Почетна Убавина и здравјеПластичен хирург објаснил што сѐ коригирала на лицето – Убавина и здравје

Пластичен хирург објаснил што сѐ коригирала на лицето – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Првата дама на Америка на денот на изборите се појавила облечена во „Диор“ и со очила за сонце и сите веднаш почнаа да зборуваат дека тоа не била таа

Меланија Трамп има 54 години и изгледа феноменално, но за време на нејзиното последно појавување, многумина шпекулираа дека Трамп донел двојничка на изборите.

Еве како пластичниот хирург Денис Шимпф го опишал изгледот на Меланија Трамп за медиумите:

„Веројатно направила некоја корекција на лицето во исчекување на победата, но со сигурност не можела да се впушти во големи интервенции, со оглед на тоа што е во центарот на вниманието“, изјавил тој, додека доктор Томас Барнс истакнал дека првата дама на Америка била само уморна и веројатно малку ослабела, што се одразило на нејзината појава:

„Досега веројатно има ставано филери во образите, ботокс на неколку места, операција на носот и затегнување на лицето“, велат експертите, но Меланија Трамп никогаш не признала дека правела некакви корекции.

ФОТО: Принтскрин BBC


Поврзани објави

Но зошто носела очила за сонце во затворен простор?

„Веројатно немала спиено, веројатно малку го дехидрирала лицето, можеби ослабела малку, па затоа одлучила да носи очила“, велат експертите.

„Можеби ставала филери за подочниците и образите. Тоа може да предизвика модрици на лицето, па можеби затоа носела очила за сонце“, додал доктор Шимпф.

Истиот доктор тврди дека претходно Меланија веројатно направила третман за истанчување на вилицата, со цел да го ослаби лицето, бидејќи вилицата ѝ изгледа многу потенка, а брчките околу устата измазнети.

Тој верува дека најверојатно ја користела техниката за слабеење на вилицата Morpheus 8, нехируршки третман кој користи радиофреквентна енергија и микроиглички за затегнување на кожата околу линијата на вилицата и за стимулирање на производството на колаген.

Госпоѓата Трамп, исто така, има пристап до најсовремените производи за нега на кожата и третмани на лицето за зачувување на младоста, до најквалификуваните дерматолози и има бескрајни ресурси за практикување здрава исхрана и ригорозен режим на вежбање, а сето тоа може да помогне во спречувањето на видливото стареење.