Почетна Убавина и здравјеАко вежбате во овој период од денот, можете да ја спречите појавата на рак на дебелото црево!

Ако вежбате во овој период од денот, можете да ја спречите појавата на рак на дебелото црево!

од nenad
2 минути читај за

Во најново истражување, експертите откриле кој период од денот е најдобар за вежбање како превенција за рак на дебелото црево

Врз основа на најновото истражување, експертите сметаат дека тренинзите рано наутро или доцна навечер може да бидат најефикасни за спречување рак на дебелото црево.

Истражувањето покажало дека оние што биле поактивни на почетокот или на крајот од денот, имале најмали шанси да развијат рак на дебелото црево. Резултатите сугерираат дека физичката активност нуди големи придобивки во однос на превенцијата на рак на дебелото црево.

Истражувачите користеле акцелометар, апарат кој ја следи физичката активност, за да проценат 86.252 лица на возраст од 42 до 79 години. Тие истакнале четири шеми на активност: континуирана активност во текот на денот, активност доцна попладне, активност наутро и навечер, активност напладне и навечер.

По петгодишно следење, кај 529 лица бил дијагностициран рак на дебелото црево.

Кога луѓето вежбале во два периода од денот, околу 8 наутро и 6 навечер, биле изложени на помал ризик од колоректален рак. Оние што вежбале во овие периоди ги намалиле шансите за појава на оваа болест за 11 отсто, во споредба со оние што биле активни други периоди во денот.


Поврзани објави

Водечкиот истражувач, професор доктор Микаел Лајцман од Универзитетот во Регенсбург, Германија рекол:

„Нашето истражување нагласува дека не само што физичката активност е важна за намалување на ризикот од колоректален рак, туку и дека времето на активноста во текот на денот може да игра клучна улога.

Со идентификувањето на специфичните моменти, рано наутро и доцна попладне, кога физичката активност е најкорисна, нашите резултати отвораат нови патишта за целни стратегии за превенција.

Ако идните истражувања ги потврдат овие резултати, тоа би можело да открие едноставен но ефективен начин како одредени поединци да го намалат ризикот од рак преку правилно темпирање на своите вежби.“

Доктор Хелен Крокер, помошник директор на истражувањето, рекла дека ова е дополнителен доказ дека вежбањето е една од најдобрите форми на превенција.

„Да се биде физички активен е една од нашите препораки за превенција на рак, и знаеме дека тоа го намалува ризикот од рак.

Овие нови интригантни резултати нудат потенцијал за развој на поспецифични препораки, вклучувајќи шеми и тајминзи за физичката активност, со цел да се намали ризикот од рак“, истакнала докторката Крокер.

ФОТО: bruce mars / Unsplash