Почетна Убавина и здравје„Сите мислат дека ми е лесно!“ – Убавина и здравје

„Сите мислат дека ми е лесно!“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Оваа жена ја раскажува својата потресна приказна за животот со болен маж и борбата со осудата од околината

Ви ја пренесуваме во целост оваа приказна за љубовта, одговорноста и личната слобода…

„Седам на тераса во изнајмен апартман на Лефкада, го гледам синилото на морето, мирисот на боровите ме опива, а во мене бура. Ова не ми е прво летување, но е првото што си го дозволив – без чувство на вина. Сепак, и понатаму ми одѕвонува во главата: ‘Како можеше да го оставиш?’, ‘Зар не ти беше жал?’, ‘Каде ти е совеста, жено?’

Имам 52 години. Мојот сопруг има 59. Пред три години доживеа мозочен удар. Оттогаш не е веќе истиот човек. На почетокот беше страшно. Ноќи без сон, денови без мир. Учев да го хранам, преслекувам, вртам, масирам. Станав медицинска сестра, готвачка, психолог и робот. Го губев идентитетот додека се обидував да го спасам неговиот.

Но најлошото беше тоа што веќе нѐ немаше нас. Немаше погледи, допири, зборови. Некогаш ме гледаше како странец. Некогаш како виновник. Станав жена која само служи и исчезнува.

Одев на лекар. Пиев лекови за притисок, за спиење, за смирување. Веќе не знаев ни кој ден е. Децата се далеку, во странство. И тогаш го запознав него.


Поврзани објави

Има 38 години. Дојде како гостин кај наша сосетка. Беше културен, нежен, внимателен. Почна да ме прашува како сум. Првпат по долго време некој ме праша мене. Не мојот сопруг – мене.

На почетокот бегав. Ми беше срам. Се чувствував како да го изневерувам сопругот кој лежи во соба и не може ни да ја помести раката. Но потоа сфатив: веќе три години не сум ничија жена. Само негувателка. И да бидам брутално искрена – никој веќе не ме прашуваше дали јас имам потреби, чувства, желби.

Стефан ми даде живот. Ме потсети дека постојам. Разговаравме, шетавме, гледавме филмови. Немавме интимни односи, ниту ветувања. Само присуство.

Кога ми кажа дека ќе оди десет дена во Грција и дека сака да одам со него – срцето ми се стегна. Првата помисла ми беше: Не можам. Тој е неподвижен. Како ќе одам? Но потоа седнав, зедов воздух и си кажав: ‘Имаш право’. Организирав сѐ. Ангажирав прекрасна жена со искуство во домашна нега. Ја платив да се грижи за него, а потоа околината ме осуди. Целото соседство зборува дека сум себична и безобразна, но не знаат колку ми е тешко.“

Што мислите вие за оваа ситуација? Дали ја оправдувате или критикувате нејзината постапка?