Почетна Убавина и здравјеНе сте пробале повкусна! – Убавина и здравје

Не сте пробале повкусна! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Време е да се завитка првата сармичка што ќе ви донесе убав мирис на зима во домот

Состојки:
  • 1 голема главица кисела зелка
  • 600 г јунешко мелено месо
  • 3 шолји бел ориз
  • 1 главица лук
  • 200 г суви ребра
  • 100 г димена сланина

Зачини:

  • сол
  • сув зачин
  • сладок црвен пипер
  • бибер

Додатоци по избор:


Поврзани објави

  • кромид
  • рендан морков
Приготвување:

На врело масло продинстајте ситно сечкан лук и месо. Динстајте го меленото месо додека од бледоцрвена добие розикава боја, односно не пржете го премногу, бидејќи тоа секако добро ќе се испече на крајот. Потоа, додајте бибер, сув зачин и пипер, продинстајте уште малку и додајте измиен ориз.

Кога ќе се олади филот, завиткајте сарма и наредете ја во тенџере заедно со сувите ребра и сланината, па ставете ја да се готви на тивок оган што подолго. Бидејќи оризот впива вода, ќе треба да додадете млака вода неколку пати при готвењето за да не ви загори сармата. Јадењето можете да го послужите со кисело млеко. Добар апетит!

ФОТО: ДОБРА ХРАНА