Table of Contents
Манипулаторите се вистински експерти, не е пожелно да навлегувате во никаква дискусија со нив
Марк Твен еднаш кажал: „Не расправај се со глупави луѓе, тие ќе те спуштат на нивно ниво, а потоа ќе те победат со искуството“. Важно е да ги имате овие мудри зборови на ум пред да влезете во каква било расправија.
Кога го губиме својот мир за време на расправија, всушност, губиме и контрола врз ситуацијата, а токму тоа е целта на манипулаторите. Ако се најдете во конфликт со манипулатор, важно е да ја задржите смиреноста и да не дозволите емоционално да ве исцрпи. Постојат неколку клучни реченици што можат да ви помогнат да си го сочувате мирот и да излезете од расправијата неповредени.
„Жал ми е што се чувствуваш така“
Кога манипулаторот ќе го покачи тонот, ќе почне да се заканува или да обвинува, одговорот „жал ми е што се чувствуваш така“ е исклучително ефикасен. Оваа реченица покажува дека ја забележувате неговата лоша емоционална состојба, но суптилно му става до знаење дека неговите чувства не се ваша одговорност. Наместо да реагирате дефанзивно и да влегувате во расправија, вие на мирен и културен начин потврдувате дека ја разбирате неговата фрустрација, но не преземате вина.
„Го прифаќам твоето погрешно мислење за мене“
Поврзани објави
Оваа реченица ја прекинува секоја расправија што оди во непожелна насока. Така му соопштувате на манипулаторот дека неговото мислење не ја менува вашата перцепција за себе и дека тоа што го мисли не е ваш проблем. Секој од нас би требало да биде сигурен во себе и во своите постапки, а туѓите мислења не треба да нѐ поколебаат. Оваа реченица искажува почит кон соговорникот, но јасно дава до знаење дека неговото мислење не ја одредува вашата вредност.
„Твојот гнев е твоја одговорност“
Манипулаторите често таргетираат емпатични луѓе, бидејќи тие се најподложни на нивните тактики. Чувствителните луѓе ги привлекуваат манипулаторите, како да одат заедно „рака под рака“. Манипулаторите го користат својот гнев за да ја контролираат ситуацијата, но кога ќе сфатите дека нивниот бес е исклучиво нивна работа, ќе се ослободите од тој притисок. Ако одбиете да влезете во расправија, ќе покажете емоционална сила и нема да им дозволите да преземат контрола.
Ако ги препознаете тактиките на манипулација и одбиете да бидете дел од таа игра, ќе останете смирени и самоуверени. Само така ќе излезете како победници од секоја ситуација.
ФОТО: Vitaly Gariev / Unsplash