Бугарскиот фолк-пејач Азис повторно ја шокира јавноста – овојпат со фотографии од море на кои го покажа резултатот од неодамнешната естетска операција.
Азис повторно успеа да ѝ го привлече вниманието на јавноста. Откако неодамна објави фотографии директно од болничкиот кревет и откри дека го остварил својот долгогодишен сон, бугарскиот фолк-пејач сега го покажа и резултатот од естетскиот зафат.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи, Азис позира покрај морето без маица, со очила за сонце и истакнати тетоважи, додека во преден план се неговите нови гради.
Особено внимание привлече фактот што под градите сè уште се видливи свежите хируршки резови, што јасно покажува дека интервенцијата била направена неодамна.
Вградени 600 кубици силикон
Азис не се обидува да ги сокрие трагите од операцијата, туку напротив – гордо го покажува новиот изглед.
Станува збор за естетска интервенција со која, според информациите што ги објави, сакал да постигне подефиниран и атлетски изглед на градите.
Поврзани објави
За таа цел му биле вградени импланти со вкупен волумен од 600 кубни сантиметри.
Фотографиите веднаш предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, а вниманието на следбениците особено го привлече фактот што пејачот не ги прикрива ниту свежите траги од операцијата.
Азис и претходно знаел да ја изненади јавноста со својот изглед и смелите трансформации, но овојпат вниманието го привлече со целосно нова физичка промена.
Погледнете ги фотографиите од морето и сами проценете како изгледа резултатот од неговата најнова трансформација.
Фото: Printscreen Instagram