20
Фото: https://pixabay.com/photos/light-bulbs-lights-lamps-1603766/
15/08/2026 8:27
ЛОКАЛНО
Жителите на неколку локации во општина Илинден денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа.
Според известувањето на ЕВН Македонија АД, прекинот е предвиден во периодот од 06:00 до 13:00 часот, а ќе ги опфати:
село Мралино;
бензинската пумпа „Дади компани“ во Мралино;
делови од населбата Дрма.
Од ЕВН информираат дека прекинот е однапред планиран и е поврзан со изведување технички активности на мрежата.
