Почетна Убавина и здравјеНема метропола без провинција – скопјанките сами ги одбраа Провинцијалците – Убавина и здравје

Нема метропола без провинција – скопјанките сами ги одбраа Провинцијалците – Убавина и здравје

од nenad
4 минути читај за

На крај крајот, кој губи има право и да се лути. Ако провинцијалците ви ј окупираа метрополата, ајде вратете и вие окупирајте ја провинцијата, ние немаме против. Слободата на движење е уставно гарантирано право, зарем не?

Топлото августовско време ја прикажува комплетната слика за градот на градовите, како што милувам често да го наречам, Скопје. Булеварите долги и празни, тук таму ќе „прелета“ некој автомобил и толку. Ги нема ниту Пеер брат ниту Провинцијалците. Што би рекол некој, секој си го фатил патот. И среде една таква раздвиженост во метрополата, просто се прашувам, кој е Провинцијалецот? Ние што по егзистенција, поради централизираноста, ви се доселивме на ваша адреса или сите вие родум од под Водно што чекате прва прилика да фатите џаде до првата Провинција. И тука некој ќе рече, слободата на движење е гарантирано право. Па ако е така, зошто на Пеер брат им пречи движењето провинција – метропола. Но ајде да си се вратам од таму каде што тргнав, мислам на колумната…

Со години, па и децении, важи паролата дека провинцијалците се накотија во главниот град и ги зедоа скопјаните и скопјанките. Но не е така. Некој ќе се запраша ама како? Е па вака Пеер и Пеерки брат (иако не знам зошто и девојки меѓу себе си викаат Пеер брат). Не може никој никого да земе ако другиот не сака да му се придружи, барем во контекст на парнерот/ката за век и векови. И додека Пеер брат кука и се жали на свои 40 дека нема ауди и уште станот као му се реновира, провинцијалецот со пот и мака си пикира. Знае прв да пристапи на Скопјанка и да и рече здраво, така е учен од Провинција, не се срами од својата скромност дека живее во студентски со четворица цимери во соба четири на четири, не му е понижување да нема автомобил и да ја повози „малата“ на велосипед на Водно, во парк, по кеј…

Поврзани објави

Провинцијалецот ги ќари Скопјанките бидејќи ги носеше во тој студентски каде што живееше и водеше љубов со нив додека цимерот солидарно мери улици или се прави дека спие на вториот кад од креветот. Велам се прави бидејќи квалитетот на креветите, особено на спрат, е толку добар што уште постојат како мебел, бидејќи ги купил другарот Тито и од тогаш до денес ниту душекот на нив не е сменет. Повеќе крцаат отколку што ти „работиш“… Провинцијалецот не се жали дека мајка му не му направила интегрални тестенини со бешамел сос. Тој сам ќе си отвори тегла ајвар стоена недела дена на прозор, фрижидер и во 21от век е луксуз во студентски дом. На Провинцијалецот не му треба теретана, а сепак има и мускули и убавина. Тој кога се враќа во својата Провицнија, која и ти Пеер брат ја посетуваш како дестинација за одмор во секоја прилика иако ја плукаш, бере и цепи дрва, ора, копа, собира сено…Подобра теретана и за телото и за умот здравје… Провинцијалецот никогаш нема да рече ова или она не знам и не можам да го направам, тој мора се да знае дури и тоа што не го сака. Провинцијалецот мора да е трпелив и снаодлив. Во студентски само на Провинцијалецот ќе му текне да ја сврти пеглата и на неа да свари кафе за Скопјанката, само на провинцијалецот ќе му текне да стави вода да врие на решо и со пареа да ја загрее собата во студените зимски денови додека дојде Скопјанката. Пеер брат ништо од тоа нема ниту да види ниту да доживее, затоа што тој е градска шема. И после Провинцијалците ги собрале Скопјанкте, а Скопјаните ги вдомиле Провицнијалките. Не бе другари, и едните и другите, во случајот децата на Скопје, трчате по локалците на Провинцијата затоа што сме храбри, издржливи и снаодливи. Која Скопјанка не би сакала момче, подоцна и маж, кој не поминал сито и решето. Таквиот никогаш нема да мрчи за ладната манџа, неиспегланата кошула и неисчистениот стан. Тој научи за неколку години во студентски и да пере на рака, но и да пегла, да варосува, глетува, па дури и да мете и брише прозорци со весник.

На крај карајот, кој губи има право и да се лути. Ако Провинцијалците ви ј окупираа Метрополата, ајде вратете и вие окупирајте ја Провинцијата, ние немаме против. Слободата на движење е уставно гарантирано право, зарем не?