Сите се прашуваат дали Бред Пит е тој што го пронашол еликсирот на младост
Папараците го фотографирале Бред Пит додека опуштено излегувал од автомобил во Лондон. Тој моментално се наоѓа во Велика Британија, каде што снима нов филм.
Во оваа пригода актерот бил виден со тазе потстрижана и бојосана руса коса, со затегнато тело и совршен стајлинг. Облечен во бели панталони и свилена бела кошула, Бред Пит изгледал како да има 30, а не 60 години.
Поврзани објави
„Дали тој го пронашол еликсирот на младоста“, „Како да живее во филмот за Бенџамин Батон“, „Тој е сè помлад и помлад“, „Што јаде, што пие овој човек?“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.
Изгледа дека нему не му влијаат семејните проблеми со децата кои се откажуваат од неговото презиме и кои не сакаат да имаат никаков контакт со него.
Од друга страна, со оглед на тоа што е во врска со младата Инес де Рамон, Бред Пит изгледа сака да има деца со неа. Извор близок на двојката открил за медиумите дека Бред сака да има деца, бидејќи смета дека таа би била прекрасна мајка.