Ветеринарот Амир Анвари открил кои кучиња никогаш не би ги чувал како миленици и многумина се изненадиле кога ја слушнале причината
Ветеринарот Амир Анвари истакнува дека некои раси на кучиња имаат карактеристики што ги прават претешки за чување за повеќето сопственици. Според експертите, некои кучиња лесно се разболуваат, додека други бараат големо количество на храна и тренинг, во спротивно можат да ви предизвикаат многу проблеми, а може да дојде и до напад.
Посочил дека никогаш не би чувал кучиња како:
- јазовичари
- француски булдози
- белгиски овчари
- бордер коли
- лабрадори ретривери
Зошто?
Поврзани објави
Анвари објаснил дека јазовичарите страдаат од разни вродени заболувања. Особено често имаат проблеми со ‘рбетот, а лесно качуваат тежина, па проблемите може да станат уште поголеми. Покрај тоа, многу се анксиозни, дури и кога кратко се одвоени од сопственикот.
Ветеринарот, исто така, одбегнува француски булдози, бидејќи кога ќе пораснат, речиси секогаш добиваат некаква хронична болест, а лекувањето е многу тешко.
За белгиските овчари и бордер коли истакнал дека се активни кучиња, на кои им треба постојан тренинг и ментална стимулација. Ако не им се посвети доволно внимание, стануваат деструктивни.
Лабрадорите никој не ги очекувал на списокот. Според Анвари, луѓето ја потценуваат грижата за овие кучиња. Факт е дека лабрадорите се многу лакоми и склони на дебелеење, па треба строго да се следи нивната исхрана. Мораат да бидат добро нахранети, бидејќи кога се гладни, стануваат нервозни и можат да нападнат.
ФОТО: Anna Dudkova / Unsplash