Со тегет ранец и внимателно избрана комбинација, Софиа го започна своето училишно патување, а гордиот татко сподели емотивна порака.
За Софиа Перевска денес започна едно ново и возбудливо поглавје – првиот ден во училиште. Третата од четирите ќерки на музичарот Никола Перевски Пере, познат како Пере од Нокаут, за првпат седна во училишна клупа.
Малата Софиа на првиот школски ден пристигна со тегет ранец и во комбинација во тегет-бели тонови. Таа своето образование ќе го продолжи во приватно француско училиште, каде што денес го направи првиот чекор во своето основно образование.
Гордоста не ја криеше ниту нејзиниот татко, кој преку социјалните мрежи сподели фотографија и емотивна честитка за својата ќерка.
Среќен почеток, наша Софиа. Денес ја пишуваш првата страница од една прекрасна приказна“, напиша Пере.
Пере е татко на четири девојчиња – Миа, Каја, Софиа и Ирис. Миа и Каја ги има од првиот брак со новинарката Александра, додека Софиа и најмалата Ирис се ќерки на неговиот брак со Јована.
За семејството ова е уште еден посебен момент, а за Софиа почеток на години исполнети со нови пријателства, знаења и детски спомени. Првиот школски ден можеби трае само неколку часа, но фотографиите и емоциите од него остануваат засекогаш.
printskrin Instagram – pere nokaut