Почетна ЕкономијаНационалната агенција за европски образовни програми и мобилност со поддршка за учениците од руралните средини по повод првиот училишен ден

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со поддршка за учениците од руралните средини по повод првиот училишен ден

од nenad
1 минути читај за

Ранковце, 1 септември – Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги посети руралните училишта „Христијан Тодоровски Карпош“ во Општина Ранковце и истоименото училиште во село Герман.

По повод првиот училишен ден, директорката на Националната агенција Ана Михајлов и градоначалникот на Општина Ранковце Даниел Павловски им поделија ранчиња на учениците, внесувајќи дополнителна радост во нивниот ден. На настанот присуствуваше како домаќин и заменик-директорот Мартин Маџовски.

„Денес сме тука за да им покажеме на учениците дека се важни и дека поддршката и можностите треба да бидат достапни за сите, без разлика каде живеат. Како Национална агенција, продолжуваме да бидеме присутни и да помагаме таму каде што нашата поддршка е најпотребна“ – изјави Михајлов.

Посетата е дел од заложбите на Националната агенција за поддршка на училиштата и учениците од руралните средини. Инклузијата е еден од приоритетите на Националната агенција, со цел секое дете да има еднакви можности за образование и развој.

Со ваквите активности Нацоналната агенција испраќа порака дека можностите треба да бидат достапни за сите деца, без разлика каде живеат.
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност