Спектакуларното појавување на пејачката за новогодишната ноќ ја крена јавноста на нозе, а продукцијата сè уште молчи за деталите
Телевизијата Пинк официјално потврди дека Јелена Карлеуша ќе влезе во ријалити-програмата Елита 9 за дочекот на Новата година. Оваа најава претставува вистинско изненадување и за гледачите и за самите учесници во шоуто.
Иако со денови се шпекулираше кој ќе биде специјалниот гостин на новогодишната вечер, ретко кој можеше да претпостави дека токму Карлеуша ќе се појави на вратите на Белата куќа. Информацијата ја објави Милица Митровиќ, директорка на програмата на Пинк, преку својот Инстаграм профил.
Покрај Карлеуша, на новогодишната забава ќе настапат и Оливера Марковиќ со својот бенд, како и добро познатиот DJ Neba, што најавува богата музичка програма и спектакуларна атмосфера.
Она што дополнително ја интригира јавноста е прашањето со каква цел Карлеуша влегува во „Елита“. Дали станува збор само за новогодишен настап, силна порака до учесниците или нешто многу поголемо, продукцијата засега го чува во строга тајност.
Instagram prinscreen/karleusastar