Оваа приказна се појави во британските медиумите пред 5 години, но и денес луѓето зборуваат за неверојатното куче Беси
Паула и Филип Вудс со години го чувале кучето Беси кого го обожавале. Кога ја добиле ќеркичката Пипа, тие станале најдобри пријатели, а Беси била многу внимателна со девојчето. Им се случувало и да спијат заедно. Но одеднаш Беси почнала да се однесува чудно, а родителите немале поим за што станува збор.
Имено, 3-годишната Пипа Вудс била сосема нормално, весело дете и никој не претпоставувал дека опасна болест го уништува нејзиниот мал организам. Но Беси, инаку шкотски овчар, почувствувала дека нешто не е во ред со девојчето.
По некое време, Беси веќе не сакала да се помести од Пипа, а кога нејзините родители се обидувале да ги раздвојат, кучето непрекинато цимолело. Паула и Филип сфатиле дека добро би било да ја однесат ќерка им на доктор, иако верувале дека тоа ќе биде рутински преглед.
Поврзани објави
По крвните анализи, докторите веднаш ја сместиле Пипа во болница за да направат дополнителни тестови. Родителите биле шокирани, а кога пристигнала дијагнозата и кога им било соопштено дека нивната ќерка боледува од акутна лимфоцитна леукемија, се скршиле.
Пипа веднаш била изложена на хемотерапија, а лекарите биле воодушевени од реакцијата на нејзиниот организам.
„Верувам дека терапијата имаше таков ефект само затоа што леукемијата беше откриена многу рано. За сè е заслужно нашето куче Беси“, низ солзи изјавила Паула Вудс, а ние се надеваме дека девојчето и денес е добро.