Почетна Убавина и здравјеСтрашно му замериле поради ОВА! – Убавина и здравје

Страшно му замериле поради ОВА! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Алкараз сè повеќе доминира на тениските терени, но сè уште живее кај неговите родители, па мора да ги слуша

Младиот Шпанец Карлос Алкараз го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон, со што веќе го освои четвртиот гренд-слем во својата кариера, а неговата маестрална игра ги воодушеви сите. Но во неговиот дом, овој огромен триумф останал во сенка.

„Млад сум и имам свои каприци, но многу сум природен, нормален, скромен. Ако ми се допаѓа нешто, се трудам да си го купам тоа, но на крајот, татко ми се погрижува за сè што треба“, рекол Карлос во една пригода.

Имено, родителите на Карлос страшно му замериле поради тоа што сака да си направи уште една тетоважа. Овој 21-годишен младич, кој ужива во брзиот подем во светот на спортот, сака да го обележи својот последен триумф.

По успехот во Њујорк пред две години, Алкараз го тетовирал датумот на конечната победа над левиот лакот. Исто така, на својата подлактица ги додал буквите CCC – што значат cabeza, corazon и cojones, во превод: глава, срце и м**да“, во чест на неговиот дедо.

Поврзани објави

Потоа, го додал и датумот на освојувањето на титулата на минатогодишниот Вимблдон, но и јагода на десниот скочен зглоб. Испланирал да ја тетовира и Ајфеловата кула на својот лев скочен зглоб по својот прв триумф на Ролан Гарос.

„Веројатно ќе го ставам и овој датум покрај минатогодишниот. Ова навистина е голем момент. Морам да разговарам со нив. Сè уште ја немам тетовирано Ајфеловата кула, но сакам. Морам да разговарам со нив. Можам да сокријам мала тетоважа“, искрен бил Алкараз.

Карлос планира да го прослави својот последен успех со семејството во Шпанија.

„Разговарав со пријател со кој бев на Ибица, минатата година беше прилично добро. Овој пат ќе прославам дома, со пријателите и најблиските луѓе. Ќе имам слобода да го прославам тоа како што доликува.“