Почетна Убавина и здравје„Го мразам одразот што го гледам во огледало, бидејќи тоа не сум јас!“ – Убавина и здравје

„Го мразам одразот што го гледам во огледало, бидејќи тоа не сум јас!“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Кога почнале да се појавуваат првите симптоми, на родителите на Томаш не им се верувало што се случува, а потоа откриле дека станува збор за страшна болест

Томаш од Полска има повеќе од 30 години, но поради ретка болест, изгледа како да има 12.

Овој несреќен човек, заглавен во телото на 12-годишно момче, ја опишал константната болка што ја доживувал поради реткото нарушување познато како Фабриева болест, кое ги погодува бубрезите, срцето и кожата, а доведува и до акумулација на одреден тип масти, што значи дека телото не може да ги преработи масните молекули.

„Би сакал да изгледам како маж на мои години. Го мразам ова момче што го гледам во огледало секој ден, бидејќи тоа не сум јас“, рекол Надолски.

Проблемите започнале кога имал 7 години. Почнал да повраќа по секој оброк и да чувствува болки во стомакот, рацете и нозете.

„Другарите во училиште ме задеваа дека сум костур и дека сум излегол од Аушвиц. Моите родители беа скршени. Видоа дека нешто не е во ред, но им веруваа на докторите кои сметаа дека станува збор за ментален проблем и дека треба само да јадам повеќе“, открил тој.

Томас раскажал дека семејството и понатаму го доживува како дете, поради што дошло до нарушување на односите со нив.

„Кога сум дома, најчесто седам сам во соба. Осамен сум и немам доволно поддршка од моето семејство веќе со години. Оваа болест ми го уништи односот со семејството“, признал тој.


Поврзани објави

Како што изјавил, болеста го уништува секој ден, бидејќи луѓето не сакаат да ги прифатат неговите вистински години.

„Еднаш ме сопре полиција и им покажав лична карта, а тие ме обвинија дека сум ја фалсификувал“, раскажал Томаш.

Поради постојаните болки во стомакот не може да јаде, па 20 часа дневно е прикачен на инфузија. Зема и лекови против болки, како морфиум, а стапалата му се толку деформирани што мора да носи специјални чевли.

„Ме боли секој дел од телото, не можам да спијам и да живеам нормално“, заклучил несреќниот младич.

Во продолжение погледнете ја целата приказна на мажот кој останал заробен во своето детство…

ФОТО: Принтскрин Јутјуб