Почетна Убавина и здравјеЈа издолжуваат фигурата, лесно се комбинираат и изгледаат отмено – Убавина и здравје

Ја издолжуваат фигурата, лесно се комбинираат и изгледаат отмено – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Панталоните број 1 за есенва претставуваат совршен спој на елеганција и удобност

Моделот што ќе царува оваа есен се широките панталони. Спој на елеганција и потполна слобода на движењето во еден модел. Без разлика дали станува збор за деловен изглед за во канцеларија или трендовска комбинација за вечерно излегување – широките панталони се вистинскиот избор. Сѐ зависи од начинот на кој ги комбинирате.

Палацо – летечки кроеви

Палацо моделите со висок струк и лелеав крој и понатаму се врвот. Одлично ги кријат несовршеностите и визуелно ги издолжуваат нозете, особено во комбинација со потпетици. Може да бидат од класичен материјал, па еднакво се практични за работа и лежерни пригоди.

Панталони со рамен крој

Класичните панталони со рамна, умерена ширина се симбол на буржоаската елеганција од 1980-тите. Денес лесно може да ги вклопите во модерниот уличен стил – наместо со блејзер, комбинирајте ги со блузон, бомбер јакна, џемпер или кошула. Меките набори во струкот даваат волумен и софистициран изглед.

Овална силуета – „барел“ или „банана“ панталони

Заоблените модели повторно се хит! Некогаш познати како „банана“ панталони, денес се достапни во помодерен крој: висок струк, ширење од колковите до колената и благо стеснување кон глуждовите. Совршена комбинација на волумен и елеганција, особено ако ги носите со кратки маички или вовлечени кошули.

Панталони со линии – вечна класика


Поврзани објави

Испегланите набори се враќаат во мода. Некогаш резервирани за во канцеларија, сега се носат и со патики, чизми и лежерни парчиња. Овој детаљ веднаш му дава доза на елеганција и формалност на секој стајлинг.

Кожени панталони – новото лице на луксузот

Заборавете на тесните рокерски модели – опуштените кроеви се во тренд:

  • Право и широко – кожените панталони со рамен крој или палацо изгледаат свежо и лесно се комбинираат со јакни и џемпери.
  • Обоена кожа – освен црната, хит се нијансите како чоколада, графит, бордо и карамела.
Ѕвонарки – парче инспирирано од 1970-тите

Ѕвонестите панталони се шират кон дното, визуелна издолжувајќи ја фигурата. Посуптилната верзија на легендарниот крој од 1970-тите лесно се вклопува со различни обувки – од потпетици до патики. Во тесна „bootcut“ варијанта идеални се за секојдневни пригоди, од утро до вечер.

„Скини“ модели – неочекувано враќање

Иако се чинеше дека исчезнаа засекогаш, тесните панталони повторно се во тренд. Модерните модели имаат висок струк и ја следат линијата на телото, но изработени се од квалитетни, цврсти материјали со еластин. Се носат со високи чизми или џокеј модели, а за да добиете модерен изглед, комбинирајте ги со предимензионирана кошула, широка јакна или џемпер.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм