Почетна Убавина и здравјеБлизнаците не смеат да донесуваат важни одлуки, срцето на лавовите е на удар! – Убавина и здравје

Близнаците не смеат да донесуваат важни одлуки, срцето на лавовите е на удар! – Убавина и здравје

од nenad
5 минути читај за
ОВЕН

Работа: Ќе чувствувате притисок поради обврските што ве очекуваат наредните денови. Ќе бидете во дилема дали да се одморите или да почнете да подготвувате сѐ однапред.

Љубов: Зафатените ги очекуваат сериозни разговори со партнерот – може да станува збор за довербата и заедничките приоритети. Слободните може да запознаат личност преку друштво, но почетокот ќе биде бурен – со многу страст и несигурност.

Здравје: Чувствителен желудник и црн дроб – не претерувајте со храна и пијалаци.

БИК

Работа: Иако е недела, нема да ѝ одолеете на желбата да ги завршите сите заостанати обврски. Ќе имате чувство дека дури откако ќе средите сѐ, ќе можете да започнете со новата седмица.

Љубов: Зафатените ги очекува мир и топлина – партнерот ќе сака блискост и заеднички моменти во домашна атмосфера. Слободните ќе запознаат личност во семејното или блиското пријателско опкружување, а хемијата ќе биде силна, нежна и топла.

Здравје: Грлото, вратот и стомакот се чувствителни – одбегнувајте масна и тешка храна.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Мислите ќе ви талкаат, а плановите што сте сакале да ги направите за следната седмица може да се замаглат. Најдобро е денес да не форсирате важни одлуки.

Љубов: Зафатените ги очекуваат недоразбирања, бидејќи партнерот ќе мисли дека сте премногу отсутни и замислени. Слободните може да запознаат личност која ќе им се чини интригантно, но ќе им биде тешко да утврдат дали е сѐ така како што изгледа.

Здравје: Возможни се главоболки и нервна напнатост, како и проблеми со несоница.

РАК

Работа: Може да почувствувате внатрешен немир, бидејќи веќе ве оптоваруваат понеделничките обврски. Сепак, интуицијата ќе ви помогне точно да знаете како да се подготвите.

Љубов: Зафатените ги очекува засилена емотивна блискост – партнерот ќе сака мир и сигурност, па може да го поминете денот во топла атмосфера. Слободните може да запознаат личност која ќе им предизвика чувство на мир и сигурност. Уживајте.

Здравје: Возможни се промени на енергијата и проблеми со варењето – одбирајте лесна храна и одморајте.

ЛАВ

Работа: Ќе имате чувство на одговорност и потреба да средите сѐ што сте занемариле. Може да ве оптоварува помислата на наредната седмица.

Љубов: Зафатените ги очекуваат бурни расправии, но и страсно смирување. Слободните ќе имаат познанство кое веднаш ќе донесе силна привлечност, но и несигурност поради брзината со која ќе се случуваат работите.

Здравје: Срцето и крвниот притисок се на удар – намалете ги напнатоста и кофеинот.

ДЕВИЦА

Работа: Ќе чувствувате силна потреба да организирате сѐ и да испланирате до детали, но конфузијата може да ви биде пречка за да направите сѐ онака како што сакате. Бидете реални.

Љубов: Зафатените ги очекува разговор за искреноста, бидејќи партнерот може да бара јасни и конкретни одговори од вас. Слободните може да запознаат личност преку секојдневни ситуации, но приказната ќе започне прилично резервирано.

Здравје: Проблеми со дигестијата и нервозата во текот на денот.


Поврзани објави

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Ќе имате чувство дека сѐ мора да се реши сега и веднаш. Ќе сакате да ги завршите обврските што сте ги одложувале, но и да ги поправате туѓите грешки.

Љубов: Зафатените ги очекуваат разговори за рамнотежата во врската – партнерот ќе сака повеќе посветеност. Слободните ќе запознаат личност која многу ќе ги привлече, но и ќе ги предизвика поради различните ставови.

Здравје: Чувствителност во долниот дел на грбот, ви треба релаксација.

СКОРПИЈА

Работа: Ќе имате чувство дека мора да го завршите тоа што долго сте го одлагале. Ќе бидете упорни и истрајни, но и емотивно исцрпени.

Љубов: Зафатените ги очекува разговор за довербата – партнерот може да отвори тема што долго чекала да дојде на ред. Слободните ќе запознаат личност која магнетно ги привлекува – можност за силни емоции и страст.

Здравје: Чувајте се од настинки и повремени падови на енергијата.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ќе имате желба да тргнете во акција, иако не е работен ден. Ќе бидете нетрпеливи и ќе сакате да завршите повеќе работи одеднаш, што само може да ви предизвика хаос.

Љубов: Зафатените ги очекуваат потенцијални несогласувања, бидејќи вие ќе сакате акција, додека партнерот ќе бара мир. Слободните може да запознаат личност која носи силна возбуда и привлечност, но односот може да биде многу неизвесен.

Здравје: Бидете умерени кога станува збор за исхраната.

ЈАРЕЦ

Работа: Може да чувствувате тежина поради обврските што ве очекуваат наредните денови. Може да чувствувате потреба да повлечете црта и да согледате што ви е навистина приоритет.

Љубов: Зафатените ги очекуваат сериозни разговори за заедничките планови. Слободните ќе запознаат личност што ќе изгледа сериозно и стабилно, но сѐ ќе се одвива претпазливо.

Здравје: Чувствителен ‘рбет и зглобови – ви требаат вежби за истегнување.

ВОДОЛИЈА

Работа: Денот носи неочекувани промени и ситуации што може да ве исфрлат од рамнотежа. Ќе имате чувство дека ништо не оди по планот.

Љубов: Зафатените ги оечкуваат разговори за слободата и личните потреби – партнерот може да сака повеќе внимание. Слободните ќе запознаат личност која е необична и интригантна, па приказната може да тргне ненадејно.

Здравје: Нервниот систем и крвниот притисок ќе бидат чувствителни – обидете се да го забавите темпото.

РИБИ

Работа: Ќе чувствувате дека ве притиска сето тоа што не сте го завршиле. Ќе ви биде тешко да ги раздвоите реалните обврски од она што сте си го замислиле, па важно е да се потпрете на интуицијата.

Љубов: Зафатените ги очекува разговор за емоциите и довербата, што може да донесе поголема блискост. Слободните може да запознаат личност која многу ги инспирира, но односот ќе биде обоен со конфузија и идеализација.

Здравје: Пад на имунитетот, можни се вирусни инфекции.