Почетна ЕкономијаОЕЦД: Во Турција, еден од тројца млади не се ниту вработени, ниту во образование

ОЕЦД: Во Турција, еден од тројца млади не се ниту вработени, ниту во образование

од nenad
1 минути читај за

Речиси една третина од младата популација во Турција се наоѓа надвор од образовниот систем и работната сила, укажува извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), пренесе „Туркије Тудеј“.

Според анализата „Образование со еден поглед 2025“, 31,3 проценти од младите на возраст од 18 до 24 години во Турција се класифицирани како „NEET“ – млади кои “не учат, не работат и не се обучуваат”.

Оваа бројка е повеќе од двојно повисока од просекот на ОЕЦД, кој изнесува 14,1 проценти. Поделено по пол, кај мажите овој процент е 22,1, додека кај жените достигнува 41,6 проценти.

Просечната разлика меѓу половите во државите членки на ОЕЦД е само 1,5 процентни поени.

Во извештајот се потенцира и дека Турција бележи најниска стапка на вработеност меѓу сите земји членки на ОЕЦД, како за лицата со високо образование, така и за оние со завршено средно образование.

Само 63 проценти од лицата со завршено средно образование и 75,4 проценти од високообразованите се вработени, што е значително под просекот на ОЕЦД (77,6% и 87,1%).

Посебно загрижува податокот дека кај возрасните од 25 до 64 години со високо образование, речиси еден од четворица (24,6 проценти) е без работа. ссм/фото: пиксабеј.

Извор: МИА