Почетна Убавина и здравјеСите погледи и во новата сопруга на актерот – Убавина и здравје

Сите погледи и во новата сопруга на актерот – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

75-годишниот американски актер Ричард Гир се појави на хуманитарната amfAR гала вечер во Венеција, придружуван од неговата 41-годишна сопруга Алехандра Силва, пишува Хелоу.

Двојката изгледаше многу гламурозно. Ричард избра црн смокинг, бела кошула и црна пеперутка-вратоврска. Алехандра носеше проѕирен мрежест фустан со темносини цветни детали.

 

Парот присуствуваше и на премиерата на филмот „Волци“ на црвениот тепих, за кој беше потребна промена на гардеробата. Силва за таа прилика облече бел вечерен фустан со асиметричен шлиц во комбинација со метални чевли со високи потпетици. Косата ја носеше распуштена.

 

На една од фотографиите на црвениот тепих пред премиерата на филмот, Гир е виден како клекнува и се поклонува на својата сопруга додека таа го гледа.

Во одреден момент им се придружува и синот на Гир, Хомер. Како и неговиот татко, тој го избра истиот стил – елегантен смокинг и пеперутка-вратоврска.

 

Фото: Инстаграм