Почетна Убавина и здравје„Птицата блесна со сиот раскош“ – Наташа Беквалац со заводлива поза го запали Интернетот! (ФОТО)

„Птицата блесна со сиот раскош“ – Наташа Беквалац со заводлива поза го запали Интернетот! (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Поп-ѕвездата во бикини ја откри својата тајна тетоважа и предизвика бура од коментари.

Популарната пејачка Наташа Беквалац повторно ја разгоре јавноста со нова објава на социјалните мрежи. Со заводлива фотографија во бикини, таа успеа да го привлече вниманието на илјадници следбеници, оставајќи ги без здив. Покрај совршената фигура, објавата откри и една од нејзините најинтересни тетоважи.

Додека позираше, пејачката дискретно го помести долниот дел на костимот за капење, при што се појави тетоважата – елегантен лебед на бочниот дел од стомакот. Оваа тетоважа е една од првите што Наташа Беквалац ја направила и ретко се гледа, освен во бикини или долна облека. Фановите веднаш ја затрупаа со коментари и лајкови.

Instagram printscreen/bekvalceva


Поврзани објави

Познато е дека убавицата од Нови Сад има вкупно три тетоважи. Најголемата е токму лебедот, а покрај него, пејачката носи и тетоважа на зглобот од десната рака – цвет од цреша. На вратот, пак, има мала буква, кое го симболизира името на нејзината ќерка Хана.

Со оваа објава, Беквалац уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните жени на сцената. Нејзиниот сексапил и харизма очигледно немаат граници, а секоја нејзина појава предизвикува вистинска еуфорија на социјалните мрежи.

printskrin Youtube – bekvalac hype tv