Почетна ЕкономијаЃорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати на функционери и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати на функционери и проблеми со замена на документите

од nenad
2 минути читај за

Поранешниот функционер на СДСМ, Ѓорѓи Спасов, по катастрофалниот пораз на владеачката партија на парламентарните избори, по кои беа освоени само 18 пратенички места, се огласи со свое видување во кое изнесе неколку причини за историски најслабиот резултат.
„И не смеат да ни се случуваат несмасности како што беше зголемувањето на платите на државните функционери за 78% , големите проблеми што се појавија при замената на пасошите и личните карти ниту корупција во нашите редови.Мора да се демонстрира и достоинство во коалиционите односи.

   

Сега во Собранието ќе имаме извонредно способна парламентарна група, составена од голем број на поранешни министри и искусни пратеници. Таа може да биде јадрото на обновата на СДСМ и полека на сигурно да се враќа угледот и моќта на партијата. Јас сум убеден во тоа дека е можно“,искоментира аналитичарот. Спасов претходно напиша дека треба да следи консолидација во редовите на партијата и да се види колку е заслужен секој поединец за својата работа во СДСМ.
„Пред следниот конгрес ќе биде добро ако изработиме сериозен извештај за работата на партијата во изминатите 4 години. Ако сериозно ги утврдиме грешките и слабостите па и одговорноста, во еден достоинствен и фер процес на секој поединец и функционер за тие грешки и слабости.

И не смее да се случи нашата одговорност да ја прикриваме со фрази од видот дека народот и избирачите не ја разбрале нашата проевропска и реформистичка политика, туку ќе мора да се соочиме со секој наш потег со кој сме предизвикувале гнев и незадоволство. Битката за остварување на стратешките цели на земјава ќе мора да ја водиме во соработка со целото општество, без притисоци и јуначење. Ќе мора да внимаваме на говорот со кој се покренуваат чуствителни прашања како што е борбата против фашизмот во Втората светска војна од која се роди и израсна македонската држава“, смета Спасов.