Швајцарскиот концерн за храна „Нестле“ најави инвестиција од 40 милиони швајцарски франци во отворање на нов производствен погон во западна Украина.
„Нестле“ е една од ретките меѓународни компании што најавија нови инвестиции во Украина по почетокот на руската инвазија во февруари оваа година, забележува „Ројтерс“.„Ова е важен потег за „Нестле“, направен во многу предизвикувачки момент за Украина“, рече главниот извршен директор на „Нестле“ за Југоисточна Европа, Алесандро Занели.„Нашата цел е да формираме центар за храна и кулинарство, да обезбедиме нови работни места и да ги задоволиме потребите на Украинците и на сите европски граѓани со висококвалитетни производи“, рече Занели.Руската инвазија силно ја потресе украинската економија, која, според проценките на Меѓународниот монетарен фонд, се очекува оваа година да падне за 35 отсто. Во последните недели прекините на струја се проширија низ целата земја откако Русија ги засили нападите врз украинските електрани, потсетува „Ројтерс“.
„Нестле“ веќе има околу 5.800 вработени во Украина и планира да отвори 1.500 нови работни места во новиот производствен капацитет во Смолихив, регионот Волин.Новата фабрика е наменета за зголемување на производството на ладни сосови, зачини, супи и инстант храна, кои би го снабдувале домашниот и европскиот пазар, пренесе Индекс.хр.