Почетна ЕкономијаШто открија податоците од телефонот на Ристов: Споменати Вице Заев, Боки 13, Камчева и други

Што открија податоците од телефонот на Ристов: Споменати Вице Заев, Боки 13, Камчева и други

од nenad
1 минути читај за

Денешното судско рочиште за предметот во кој е обвинет судијата Ѓоко Ристов продолжи со изнесување финансиски податоци поврзани со неговите примања и имотната состојба на неговото семејство.

На рочиштето, вештакот Ѕвонко Кочовски презентираше финансиска анализа во која биле опфатени приливите и исплатите од жиро-сметките на Ристов, како и податоци за сметките на членовите на неговото семејство.

Според изнесеното во судницата, во периодот од 2016 до 2024 година, на сметките на Ристов и неговата сопруга Симона биле евидентирани приливи во вкупен износ од околу 600.000 евра.

Како доказ биле презентирани и податоци од мобилниот телефон на Ристов, кој бил користен во периодот од 2023 до 2025 година.

Во текот на рочиштето биле споменати и повеќе имиња во рамки на презентираните податоци, меѓу кои Вице Заев, Бојан Јовановски – Боки, Ана Камчева, Љупчо Пецов, Габриел Фросина Ременски, Пуцко, Зоран Азманов, Енвер Беџети и други лица.

Ристов е обвинет за „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Предметот се однесува и на пронајдените 350 илјади евра во домот на неговите родители во Неготино, што е дел од доказниот материјал во постапката.