– Западот мора повторно да се вооружи пред руската закана. Военото производство не може да остане на мирновременска основа додека трае војната во Украина. Војните не се решаваат со тактички ангажмани, туку со индустриските капацитети, а ние заостануваме – изјави Сикорски по враќањето од Киев, првата посета на странска земја откако дојде на функцијата.
Сикорски, кој ја презеде функцијата министер за надворешни работи овој месец, во петокот во Киев се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и министрите за надворешни работи и за одбрана.Сикорски оцени дека западните влади треба да понудат долгорочни договори на компаниите за производство на оружје или самите да го финансираат производството.
– Беше лесно да се почувствува ентузијазам за Украина додека Украинците успешно ги враќаа своите територии од Русите. Вистинскиот тест на нашето трпение и одлучност е сега, кога сме во застој“, рече Сикорски.