Почетна ЕкономијаПочина Поп Ендрјус, првиот пејач на „Ајрон Мејден”, по добивање на Сепса неговата здравствствена состојба драстично се влоши

Почина Поп Ендрјус, првиот пејач на „Ајрон Мејден”, по добивање на Сепса неговата здравствствена состојба драстично се влоши

од nenad
1 минути читај за




Англискиот пејач Пол Ендрјус, познат по сценското име Пол Ди’Ано и ангажманот во групата „Ајрон мејден“, почина на 66-годишна возраст. Како што пишуваат британските медиуми, тој починал во својот дом во Солсбери. Тој беше дел од легендарната хеви метал група од 1978 до 1981 година и со нив сними два студиски албуми „Iron Maiden“ (1980) и „Killers“ (1981). Откако си замина од „Ајрон мејден“, тој беше фронтмен на повеќе групи, како што се „Килерс“ и „Батлзоун“, а исто така сними и солистички албуми.

Откако доби сепса во Аргентина во 2015 година, неговата здравствена состојба се влоши. Тој помина осум месеци во болница во Англија, каде двапати се зарази со инфекција предизвикана од еден вид стафилококна бактерија (MRSA). Според него, лекарите во Загреб подоцна пронашле докази дека, по грешка, му бил оставен хируршки инструмент во телото во тамошната болница – тие пронашле спојувач во ногата што бил ставен таму за време на операцијата, која била направена четири години претходно.

„И покрај сериозните здравствени проблеми во текот на последните години, поради кои беше во инвалидска количка, Пол продолжи да ги забавува своите обожаватели ширум светот. Неговиот прв ретроспективен албум ‘The Book of the Beast’ беше издаден во септември 2024 година и ја содржи неговата најдобра работа откако го напушти бендот“, се вели во изјавата на издавачката куќа „Конкуест мјузик“.