Експерти за исхрана предупредуваат што никако не смееме да јадеме
Трендовите на здрава храна се во пораст, што е многу позитивна појава. Сепак, многумина сè уште консумираат брза храна, и покрај нејзината лоша репутација.
Многу намирници, кои со години важат за нездрави, се наоѓаат на листата на непожелна храна, а експертите за исхрана откриваат што никогаш не би јаделе и зошто.
Поврзани објави
„Чипсот и помфритот треба да се најдат на вашата црна листа, бидејќи се прават во фритеза во која никогаш не се менува маслото.
Еднаш месечно, во тие ресторани за брза храна, односно во индустријата за брза храна, ги прочистуваат фритезите од отпадоци и остатоци од храна, но не го прочистуваат маслото, туку само долеваат ново, и тоа колку повеќе се загрева и лади, толку повеќе штетни и токсични материи се ослободуваат, како што е канцерогениот акриламид, но и други материи кои влијаат врз покачувањето на лошиот холестерол во организмот“, откриваат експертите.
Па така, оваа храна е штетна за срцето и крвните садови, а го зголемува и ризикот од рак. Затоа, размислете следен пат пред да посегнете по чипс или помфрит.