Table of Contents
Што мислите вие за овој тренд? Ви се допаѓа или сметате дека станува збор за уште една бескорисна содржина на социјалните мрежи?
Сигурно ги забележавте многуте фотографии на социјалните мрежи на кои корисниците изгледаат како да се вратиле назад во времето. Имено, на Инстаграм се појави нов тренд, односно story template, кој предлага да му дадеш насока на Chat GPT да ти покаже како би изгледал во 1980-тите.
Не требаше да помине многу време за луѓето масовно да го прифатат овој ВИ тренд, што не е толку чудно, бидејќи токму 1980-тите важат за едни од најубавите години во историјата. Тоа е декада на безвременски музички хитови, забавна мода, култни филмови, шаренило од бои и генерално, побезгрижен и послободен начин на живот.
Па така, многу од корисниците на Инстаграм и Фејсбук покажаа како би изгледале со коси полни со волумен, шарени кошули, розови трикоа, големи обетки и сакоа со потполнки. И бројни наши познати лица со задоволство го прифатија овој тренд и ги споделија резултатите што го добиле на своите профили…
Јана Стојановска, актерка
Ана Стојановска, актерка
Елена Ристеска, пејачка
Благој Нацоски, оперски пејач
Маја Кикириткова, модна дизајнерка
Бранко Огњановски, актер
Катерина Ангеловска, тренер за личен развој
Поврзани објави
Магдалена Медичи, мејкап-артистка
Маја Андоновска, актерка
Димитар Андоновски, пејач и продуцент
Марија Најдоска, мејкап-артистка
Додека многумина уживаа и се забавуваа со овој носталгичен тренд, има и такви што сметаат дека е непотребен. На својот фејсбук-профил се огласи психологот Дора Попова – Узуновски која напиша:
„Луѓе што ви е со чет џпт сликите од 80ти? Имам една цела редица сториња со сликиве, ама буквално едно за едно…бизарно е.“
И на водителот Димитар Атанасовски не му се допадна многу овој тренд, па го сподели своето мислење на стори:
Тату-артистката, пак, Маја Џордано, објави урнебесно видео во кое на комичен начин ја претстави апсурдноста на општата опсесија со Chat GPT, а во коментари ја поддржа и нашата ТВ-водителка Лила Филиповска која напиша: „Генијално!“.
Што мислите вие за овој тренд? Ви се допаѓа или сметате дека станува збор за уште една бескорисна содржина на социјалните мрежи?
ФОТО: ИНСТАГРАМ, ФЕЈСБУК