Почетна ТехнологијаОпштина Центар се вклучува во помош за екипите што интервенираат за гаснење на пожарите

Општина Центар се вклучува во помош за екипите што интервенираат за гаснење на пожарите

од nenad
1 минути читај за




Помош во ресурси и поддршка за справување со пожарите што беснеат на територијата на целата држава беа темите на денешниот итен координативен состанок на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и општинскиот Штаб за заштита и спасување одржан заедно со претставник на Центарот за управување со кризи (ЦУК).Општина Центар и градоначалникот Герасимовски активно ќе се вклучат со своите расположливи капацитети за одговор на катастрофата.

   

На координативниот состанок беше нагласено дека состојбата на терен е алармантна, за што Општина Центар во насока на ублажување на последиците и помош за спасувачките екипи и доброволците на терен ќе обезбеди помош преку донации на вода и освежителни пијалаци.

„Општина Центар веднаш стапи во контакт со неколку општествено одговорни компании кои веднаш понудија помош во вода и пијалаци и нивен транспорт до местата каде што се наоѓаат екипите кои интервенираат на пожарите“, истакна Герасимовски на состанокот.Општина Центар упатува апел до сите граѓани совесно и одговорно да се однесуваат во природа и за време на претстојните празници, за кога нè очекува исто така многу топло време, и да избегнуваат правење на скара и палење на оган на отворено.