Почетна ЕкономијаШвајцарската армија набавува систем за анти-дронови

Швајцарската армија набавува систем за анти-дронови

од nenad
1 минути читај за

Швајцарската војска денес објави дека има намера да купи систем за одбрана од „минидронови“, по неодамнешните известувања од неколку европски држави за упади на дронови во нивниот воздушен простор, при што беше посочена Русија како виновник.

Швајцарија, која по традиција е воено неутрална и располага со добро опремена армија, не е членка на Европската унија, ниту на НАТО. Сепак, според БТА, сега се стреми што поскоро да се одбрани од заканата од дронови.

“Потребно е да се преземат ефикасни мерки против минидроновите на противникот,” беше истакнато денес од страна на швајцарската армија, додавајќи дека се надеваат на воведување на заштитниот систем “во блиска иднина”.

Државите членки на ЕУ имаат сомнежи дека Русија е одговорна за случаите на прелетување на дронови над критични објекти, кои забележаа пораст во последните денови. Ниту Швајцарија не е поштедена од оваа појава.