Поради снежни врнежи и урнати дрвја на патот, сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново – Бунец е прекинат. Екипи работат на негово отстранување.
Од АМСМ попладнево известија дека има ограничување за тешки товарни возила на регионалните патишта Маврово – Дебар и Никфорово – Леуново – Бунец.
Од таму додаваат дека проточноста на државните патишта е нормална, а коловозите се мокри. Фреквенцијата на возила на патиштата надвор од градовите е со среден интензитет.
Во соопштението се нагласува дека нема поголеми чекања за влез и излез од земјата на граничните премини од наша страна.
АМСМ советува прилагодена брзина, придржување кон поставените знаци и внимателно возење, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од одрони.
– Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, потенцираат од АМСМ.