Почетна Убавина и здравје„Тоа е крај ако партнерот ја изигра мојата доверба“! Коментарите не престануваат, фановите во шок – Убавина и здравје

„Тоа е крај ако партнерот ја изигра мојата доверба“! Коментарите не престануваат, фановите во шок – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Пејачката откри дека љубов за неа значи безусловно давање, но изневерената доверба е точка без враќање

Љубовниот живот на Милица Павловиќ отсекогаш предизвикувал внимание во јавноста, а пејачката сега отворено проговори за своите принципи во врската. Иако вели дека кога сака се дава целосно, таа нема разбирање за издадена доверба и истакнува дека тогаш врската дефинитивно завршува.

Кога сакам, давам безусловно. Само верувајте ми и нема да има проблем. Но ако партнерот се осмели да ја изигра мојата доверба, тоа е крај. Во состојба сум да се свртам и да се правам дека никогаш не сум го познавала,“ изјави пејачката за српските медиуми.


Поврзани објави

Иако важи за една од најатрактивните и најуспешните пејачки, таа призна дека сè уште не го нашла „вистинскиот“. Според неа, мажите често избегнуваат жени како неа, бидејќи сакаат некој полесен избор – партнерка која ќе биде тивка и домаќинка.

Својот партнер секогаш ќе го мотивирам да биде најдобра верзија од себе и ќе му бидам поддршка. Но, и јас очекувам исто. Мене ми треба маж со кој ќе можам заедно да градиме империја,“ заклучи Павловиќ, испраќајќи јасна порака за тоа што очекува од љубовта.

printskrin youtube – blic- milica pavlovic