Почетна ЕкономијаЦУК: Пожари активни во Липково и Студеничани, 29 изгаснати

ЦУК: Пожари активни во Липково и Студеничани, 29 изгаснати

од nenad
1 минути читај за

Во текот на претходните 24 часа, на целата територија на државата, евидентирани се 33 пожари на отворен простор. Од нив, два сѐ уште се активни, два се ставени под надзор, а 29 се ликвидирани.

Активни пожари постојат во селото Никуштак, општина Липково, како и на територијата на општина Студеничани, во близина на селата Варвара и Драчевица, каде што е зафатена мешана шума и ниска вегетација.

“Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола се ставени пожарите во општина Берово – Дрџински рид, месност викана Стојковото, село Русиново (дабова и букова шума и папрат) и во општина Гази Баба – Вардариште (ѓубриште).”

Од скопскиот регион, завршени се интервенциите на пожарите во општина Ѓорче Петров – улица „Шар Планина“ (ѓубриште), општина Гази Баба – село Раштак (ниска вегетација) и Камник (ниска вегетација), општина Сопиште – село Јаболци – Говрлевска Краста (ниска вегетација) и општина Сарај – село Рашче (ниска вегетација).

Исто така, ликвидирани се и пожарите во општините Битола, Долнени, Ресен, Крушево, Струмица, Струга, Кавадарци, Чешиново-Облешево, Делчево, Кочани, Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Тетово и Гостивар.